Лиса Баута Шаќири: И голи можеме да се сликаме, а вие да ни се фатите

Лиса Баута Шаќири / Фејсбук

Случајот „Јавна соба“ повторно ја разбранува македонската јавност и бројни јавни личности им дадоа поддршка на жртвите чиишто фотографии беа споделени во спорната група на апликацијата Телеграм. Како голем поборник за женските права, и Лиса Баута Шаќири го искажа своето мислење преку Фејсбук статус и не штедеше на критики за оваа екстремно непријатна ситуација во којашто се најдоа илјадници жени.

– Ние жените што сакаме ќе постираме! И голи можеме да се сликаме, а вие да ни се фатите! Драги жени, ова е напад врз сите нас. Не смееме да се криеме, не смееме да молчиме. Ние не сме сексуални објекти, туку сексуални суштества! Нашата сексуалност е наша работа и наше право! Со тоа не се срамиме, напротив, се гордееме зашто преку тоа деца раѓаме! Драги девојки, жртви – на мојот ФБ и Инста профил има и слики каде сум доста разголена! Јас сум мајка на две деца и сопруга на брилијантен маж кој има почит кон жената и женското тело! Постирање слики е тотално ОК! Штом е за мене, за вас е уште повеќе! Главата горе! Заедно сме во ова! Ви стојам на располагање за поддршка и секаква помош, вели Шаќири во својата објава.

„Јавна соба“ со мрачни тајни

Триесет психолози понудија бесплатна психолошка помош за жртвите од „Јавна соба“

ВИДЕО | Димитрова од Хелсиншки: „Јавна соба“ е кривично дело кое мора час поскоро да се реши

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот