Лион не се шегува, го елиминираше и Манчестер сити! (ВИДЕО)

фото: твитер

Вечерва на стадионот „Жозе Алвеладе“ во Лисабон го дознавме и последниот патник во полуфиналето од Лигата на шампионите, Лион направи изненадување иако беше „аутсајдер“ на крајот го елиминираше Манчестер сити со 3:1.

Францускиот претставник дојде во водство преку Корне во 24 минута, а Англичаните израмнија благодарение на Де Брујн во 69 минута после асистенцијата на Стерлинг.

Дембеле беше херојот кој го однесе Лион во следната фаза, откако двапати се запиша во листата на стрелците во 79 и 87 минута. Дуелот можеби и ќе имаше и продолженија, доколку при негатива од 1:2 на Сити, во 86 минута реализираше Стерлинг кој имаше празна мрежа пред себе, но ги разочара своите навивачи со големото промашување, по што дојде и казната.

На тој начин Франција ќе има две екипи во полуфиналните битки каде што претходно се најде и составот на ПСЖ.

Ќе гледаме француско-германски пресметки, ПСЖ ќе ги одмери силите со Лајпциг, а Лион се соочува со можеби најголемиот фаворит на завршниот турнир, Баерн Минхен.

Лига на шампиони (сезона 2019/20)

Полуфинале, двојки –

18 август Лајпциг-ПСЖ (21.00 часот)
19 август Лион-Баерн Минхен (21.00 часот)

ФИНАЛЕ

23 август, Стадион „Да Луж“, Лисабон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот