Лига на шампиони: Вечерва две дерби пресметки, триото Меси, Нејмар и Мбапе ќе игра за прв пат од првата минута

Меси, Нејмар и Мбапе за прв пат ќе играат заедно во нападот на ПСЖ/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Денеска продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите со натпреварите во А,Б,Ц и Д групите, а притоа се играат две дерби пресметки како и натпреварот во Бриж кој фудбалска Европа со нетрпение го очекува поради Лионел Меси.

Вечерва ќе настапи и единствениот Македонец кој е дел од екипите кои играат во Лигата на шампионите, Бобан Николов. Николов и неговиот Шериф го пречекуваат украинскиот Шахтјор.

Првото дерби се игра на „Енфилд“ каде Ливерпул го пречекува Милан, а двете екипи тежат 13 титули во ЛШ.
Итлаијанскиот тим се враќа во елитното натпреварување по пауза од дури осум години, последен пат во ЛШ играше во сезоната 2013/14, а вечерва тренерот Пиоли нема да може да смета на Златан Ибрахимовиќ.

Втората дерби пресметка ќе се игра на „Џузепе Меаца“ каде Интер го пречекува Реал Мадрид. Овие две екипи играа во групната фаза и минатата сезона, а Реал Мадрид славеше на двата натпревари, 3:2 во Милано и 2:0 во Мадрид.

Сепак, фокусот на фудбалската јавност се очекува да биде во Бриж каде белгискиот тим игра против еден од главните фаворити за титулата, ПСЖ. На оваа средба од првата минута треба да заиграат Нејмар, Килијан Мбапе и Лионел Меси и тоа ќе биде прв натпревар на кој овие тројца фудбалер ќе играат заедно во нападот.

Двојки за вечерва:
Група А
Манчестер сити – Лајпциг
Бриж – ПСЖ

Група Б
Ливерпул – Милан
Атлетико Мадрид – Порто

Група Ц
Бешикташ – Борусија Д.
Спортинг – Ајакс

Група Д
Интер – Реал Мадрид
Шериф – Шахтјор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот