Лига на нации: Македонија во битка за врвот против Грузија!

Фото: instagram.com/FFMacedonia/

Репрезентацијата на Македонија денеска од 20.45 часот против Грузија на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје ќе го игра натпреварот од четвртото коло во Лигата на нации, поточно Лигата „Ц“. Главен судија е Бартон Франковски од Полска.

Нашите најдобри фудбалери истакнуваат дека противникот е силен, но нивна должност е да го дадат максимумот, со трите бода ќе бидат уште поблиску до остварување на целта, а тоа е чекор поблиску до освојување на првото место во групата, како и до повисок ранг во натпреварувањето, односно Лигата „Б“.

Селекторот Игор Ангеловски за вечерашниот не може да смета на повредените Аријан Адеми, Стефан Спировски и Егзон Бејтулаи, потоа Енис Барди нема да игра поради жолти картони, Висар Муслиу поради црвениот картон со Ерменија е суспендиран (на два натпревари), а повторно ќе бидеме без Елиф Елмас поради позитивниот тест на ковид-19.

Ова ќе биде првата од двете битки кои ќе ги водат овие репрезентации, секако онаа втората во Тбилиси на 12 ноември 2020 година ќе има уште поголемо значење за пласман на Европското првенство. Во првиот меѓусебен натпревар на гостински терен минатиот месец одигравме нерешено 1:1.

Лига на нации
Лига „Ц“, 4. коло – двојки

Денеска 20.45 часот Македонија-Грузија
Денеска 20.45 часот Естонија-Ерменија

Табела: Македонија 5 бодови, Грузија 5, Ерменија 4, Естонија 1.

Селекторот на Грузија: Сакаме победа и прво место во групата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот