Селекторот на Грузија: Сакаме победа и прво место во групата

epa07996384 Georgia's head coach Vladimir Weiss during a press conference in St. Gallen, Switzerland, 14 November 2019. Switzerland will face Georgia in their UEFA EURO 2020 qualifying soccer match on 15 November 2019. EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) ја очекува натпревар од Лигата на нации со добро познат ривал, селекцијата на Грузија против која идниот месец ќе го играме најважниот натпревар во досегашната историја.

Во ноември во Тбилиси, Македонија и Грузија ќе играат во финалето на бараж натпреварот од минатогодишното издание на Лигата на нации, а влогот е пласман на Европското првенство.

Поради тоа, се очекува на утрешната средба и двајцата селектори, Игор Ангеловски и Владимир Вајс да не ги откриваат сите адути, но грузискиот предводник најавува борба за победата.

– Се бориме за првото место во новото издание од Лигата на Нации, затоа утрешниот натпревар е важен. Ќе ни недостигаат неколку фудбалери, исто како и кај домаќините, но верувам дека ќе бидеме максимално подготвени, без разлика дали Македонија ќе стартува со четири или со три играчи во дефанзивната линија. Знаеме дека Македонците играат креативно, со многу додавања, но наша цел е да одиме на Евро 2021, исто така и да го освоиме првото место во оваа нова Лига на Нации – изјави Вајс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот