Летаат реакции од сите страни по изјавата на Лајчак за косовскиот Устав

Поранешниот специјален пратеник на ЕУ за Косово, Волфганг Петрич по изјавата на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак кој од Белград порача дека „Косово треба да го смени Уставот за да ја одобри Заедницата и според него, Уставот не е Библијата“ се огласи и поранешниот специјален пратеник на ЕУ за Косово, Волфганг Петрич.

„Играта што ја игра Приштина во врска со Заедницата е многу опасна и политичарите во Приштина мора да ги почитуваат обврските преземени со договорите во Брисел“, рече тој.

Во меѓувреме, српската делегација одбива да се продолжи дијалогот додека не се разговара за Заедницата, а во Приштина настана вистинска бура од реакции.

Поранешната косовска министерка за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Едита Тахири изјави денес дека ако косовскиот устав не е Библија и дека секогаш може да се менува, и Србија може да го смени својот устав.

„По неодамнешната посета на Лајчак на Косово и Србија, мојата порака е дека почетна точка на конечниот договор е Србија да го смени уставот со отстранување на Косово од него. Зборувам од позицијата поранешен шеф на преговорите, каде што бев седум години “ напиша Тахири на Твитер.

Поранешниот шеф на белградскиот тим за преговори, Марко Ѓуриќ, реагираше на таа изјава, велејќи дека „Тахири може да го смени Уставот на Србија само ако се кандидира и победи на изборите во Србија, на кои има право како граѓанин на нашата земја“.

Реагираше и Советот за заштита на човековите права и слободи КМЛДНЈ во Приштина. Од таму рекоа дека наместо договор Лајчак повикува на нова војна на Косово. Исто така беше побарано и негово отстранување од улогата на медијатор.

„Лајчак на својата позиција не е ниту фер ниту непристрасен како што доликува на медијатор, напротив тој е многу пристрасен, лицемерен и личност на која не може и не треба да ѝ се верува. Ниту еден косовски политичар не смее да се состане со него бидејќи тој е отворено на страната на Србија. Со овие бесрамни изјави, членот на преговарачкиот тим на Србија, Мирослав Лајчак, наместо Договорот, отворено повикува на нова војна на Косово додека се ангажира за создавање на Република Српска на Косово“.

Со одбрана за специјалниот пратеник реираше и канцеларијата на ЕУ во Приштина велејќи дека Лајчак кажал што може да се случи ако некоја земја преговара за меѓународен договор.

„Не, тој не рече. Г-н Лајчак објасни што може да се случи ако се преговара за меѓународен договор. Кога ќе постигнете меѓународен договор, потребните законски аранжмани мора да бидат земени предвид од владата, вклучително и на уставно ниво, со цел да се интегрираат во нивниот внатрешен правен и уставен поредок.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот