Лепа Брена искрено: Ниту еден брак не е идеален, па не беше ни мојот. Сепак живееме на Балканот…

лепа брена
Лепа Брена/ Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пејачката Лепа Брена, која со децении е позната во регионот по својот стас и глас, проговори за приватниoт живот, пренесува express.ba. Брена изјави дека и нејзиниот брак не бил идеален и дека таа и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ имале подеми и падови.

Разкажала дека во одредени моменти не и било лесно и дека нејзиниот семеен живот не се разликува многу од живото на останатите семејства, нагласувајќи дека меѓу неа и сопругот доаѓало до конфликт на мислења.

„Ниту еден брак не е идеален, па не беше ни мојот. Доаѓаше до конфликт на мислења, како и во секој брак. Сепак живееме на Балканот. Во секој случај, мора да им дадете приоритет на мажите. Од друга страна, добро знаеме дека мажите се воспитувани да имаат приоритет во сè и сакаат да се фатат за некои „брзи возови“, всушност за некои жени како мене. Индивидуални и самостојни. Отсекогаш знаев да се изборам“, истакна таа, а потоа додаде дека синовите секогаш ги воспитувала да го почитуваат женскиот род.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Покрај тоа, таа откри како ги решавала споровите со нејзиниот сопруг и зошто компромисот бил и останува клучна алка во нејзиниот однос со Боба.

„Сите проблеми ги решаваме со разговор. Сепак, имаме деца и семејство и во наш заеднички интерес е многу важно е да изброите до десет. Простував и броев затоа што веќе не се работи само за нас, туку и децата. Единственото нешто што никогаш не сум дозволила е да преминам одредена граница, каде што сопружниците меѓусебно си го уништуваат интегритетот и достоинството. Тоа е нешто што никогаш не го дозволувам. Мора да има компромис, го правиме заради децата и не креваме тензија кога нема потреба. Тие не треба да страдаат поради нашите кавги. Тврдам дека без договор и компромис не може да опстане ниту еден брак, па ни мојот“, искрено изјави Брена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

 

Извор: еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот