Ленард ако потпише за Лејкерс ќе јаде бесплатно пица - Слободен печат
КошаркаСпорт

Ленард ако потпише за Лејкерс ќе јаде бесплатно пица

Сонот на навивачите на ЛА Лејкерс е Каваи Ленард да заигра за нивниот тим и веќе започнаа „акции“ да го намамат да се врати во родниот град.

Летниот преоден рок во НБА лигата започна пред неколку часа, кошаркарите без договор се слободни да разговараат со заинтересираните екипи, а најголем интерес предизвикува најдобриот играч во финалето, Каваи Ленард. Ленард одлучи да не ја активира клаузулата од договорот со Торонто и се откажа од 21.3 милиони долари за да стане слободен играч и да преговора за нов побогат договор.

Како една од можните дестинации на Ленард се споменува неговиот роден град Лос Анџелес, и навивачите на Лејкерс веќе започнаа со „акции“ да го намамат кошаркарот да потпише за нивниот омилен тим.

Еден од најпознатите ди-џеи и музички продуценти, Стив Аоки, му понуди на Каваи Ленард до крајот на животот бесплатно да јаде во неговата пицерија.

– „Kawhi not?“.  Дојди во ЛА Лејкерс и до крајот на животот ќе јадеш бесплатно во Пицаоки. Мојот пријател го направи овој мурал на ѕидот од пицеријата само за тебе. Дојди си дома – напиша Аоки на својот профил на Твитер.

Интересно, ова е трета понуда за Каваи да има бесплатно јадење до крајот на животот доколку го избере нивниот клуб. Еден сопственик на ресторани во Торонто му понуди бесплатни оброци, додека кошаркарот на ЛА Клиперс, Данило Галинари му вети на Каваи дека ќе му подготвува паста доколку потпише за нивниот тим.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close