Лекција од Ибрахимовиќ до Мбапе и родителите: Замолчете и оставете го да работи

Фото: EPA-EFE/Jonas Ekstromer/

Златан Ибрахимовиќ во интервјуто за францускиот „Канал плус“ ја коментираше и ситуацијата на Килијан Мбапе и неговата одлука да го одбие Реал Мадрид и да го продолжи договорот со ПСЖ.

Не се сомнева Швеѓанецот дека Мбапе е одличен фудбалер на теренот, меѓутоа смета дека некои негови последни потези во кариерата биле погрешни.

„Мбапе лично не го познавам многу, но како фудбалер можам да кажам дека е фантастичен. Сепак, кога ја губите дисциплината вие го губите и идентитеот. Сите знаеме зошто Зидан е Зидан, а Мбапе сака да го имитира“.

На останувањето во ПСЖ Ибрахимовиќ гледа како добар потег за клубот, но не и за Мбапе.

„Останувањето во Париз беше вистински избор за ПСЖ, не и за него. Тој се стави во ситуација каде што е поважен од клубот, а такво нешто клубот му овозможи. Никогаш не можете да бидете поголем од клубот каде и да играте“.

Дел од вината за според него погрешниот потег Ибрахимовиќ гледа и кај родителите на Мбапе.

„Неговите родители наеднаш станаа адвокати, тренери, агенти…Од едно нашто стануваат друго. Тука настанува проблем, со новите генерации мајките и татковците мислат дека се ѕвездите. Излегуваат во медиумите и даваат изјави, но кои мислете дека сте? Едноставно замолчете. Се зависи од вашиот син и оставете го да работи во мир и дисциплина“, изјави Ибрахимовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот