Лекарот на Навални предупреди дека неговото здравје се влошува

Фото: Архива

Лекарот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој веќе трета недела штрајкува со глад во затвор, изјави денес дека неговото здравје рапидно се влошува и дека 44-годишниот критичар на Кремљ е на работ на смрт.

Докторот Јарослав Ашикмин рече дека резултатите од тестовите што ги добил од семејството на Навални покажуваат високо покачено ниво на калиум, што може да доведе до срцев удар и зголемено ниво на креатинин, што укажува на оштетување на бубрезите.

„Нашиот пациент може да умре во секој момент“, рече тој во објавата на Фејсбук.

Претседателката на Сојузот на синдикати, која го поддржува Навални, Анастасија Васиjeева, на Твитер изјави дека „акција мора да се преземе веднаш“.

Навални е највидливиот и непопустлив противник на рускиот претседател Владимир Путин.

На неговите лични лекари не им беше дозволено да го видат во затвор.

Навални започнал штрајк со глад затоа што одбил да им дозволи на лекарите да го посетуваат кога добил силни болки во грбот и изгубил чувство во нозете.

Руската државна казнена служба соопшти дека Навални ја добива потребната медицинска помош.

Навални беше уапсен на 17 јануари кога се врати во Русија од Германија, каде се опоравуваше пет месеци од труење од нервни агенси, за што го обвини Кремљ.

Руските власти негираа каква било вмешаност, па дури и се прашуваа дали Навални бил отруен, што пак е потврдено во неколку европски лаборатории.

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска пред новинарите по повод влошувањето на состојбата на Навални, изјави дека тоа е „целосно нефер и несоодветно“.

Навални беше осуден на две и пол години затвор, со образложение дека со своето долго закрепнување во Германија,  ја прекршил условната казна што му била изречена поради пресудата за измама, случај за кој Навални вели дека е политички мотивиран.

Извор: Бета

Нобеловци, актери и писатели бараат од Путин похуман третман за Навални

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот