Нобеловци, актери и писатели бараат од Путин похуман третман за Навални

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV MANDATORY CREDIT

Повеќе од 70 познати личности од целиот свет му напишаа отворено писмо на рускиот претседател Владимир Путин, барајќи да му обезбеди третман на опозиционерот Алексеј Навални, кој е во затвор во казнена колонија.

Потсетувајќи на неговата болест, потписниците напишаа: „Како руски државјанин, Навални има законско право да биде прегледан и лекуван од лекар по негов избор”.

Нивниот повик беше објавен денеска во повеќе европски весници, вклучувајќи го и „Економист” на англиски јазик.
Писмото го потпишаа авторката на Хари Потер, K.К. Роулинг, тројца добитници на Нобелова награда за литература, Херта Мулер, Луиз Глук и Светлана Алекијевиќ, членот на Аба, Бјорн Улвеус, британските актери Бенедикт Камбербач и Кристин Скот Томас, историчарите Нил Фергусон и Симон Шама…
Во писмото се наведува дека Навални е во критична состојба.
„Господине претседател, ве повикуваме веднаш да му пружите медицинска помош и нега што му е итно потребна на Алексеј Навални, во согласност со рускиот закон. Како некој што се заколнал да го почитува законот, сега само треба да го примените во пракса”.
Навални штрајкува со глад со денови, обидувајќи се да ги принуди затворските власти да му дозволат посета на лекар. Во моментов му се заканува принудна консумација на храна. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот