Лејкерси конечно си најдоа тренер

EPA/TANNEN MAURY

ЛА лејкерс конечно успеа да пронајде тренер за следната сезона, тоа Френк Вогел кој доаѓа на местото на Лук Волтон, кој доби отказ поради разочарувачката сезона. Поранешниот тренер на Орландо меџик и на Индијана пејсерс потпиша тригодишен договор со ЛА лејкерс.

Во стручниот штаб на Вогел ќе биде и легендарниот бек, Џејсон Кид кој исто така има тренерско искуство, водејќи ги екипите на Бруклин и Милвоки.

Вогел како прв тренер, шест години работеше во Индијана и две во Орландо. Со Индијана, пет пати играше во плејфот, а во 2013 и 2014 година, играше и во конференциското финале каде беше елиминиран од Мајами хит во чиј состав беше и сегашната прва ѕвезда на лејкерс, Леброн Џејмс.

Вогел беше трет избор на управата на ЛА лејкерс, прва опција за тренер беше Тајрон Лу, но поранешниот тренер на Кливленд имаше несогласувања со „езерцата“ околу должината на договорот, тој бараше петгодишен договор, додека клубот му понуди само тригодишна соработка. Потоа, следен на листата беше, Монти Вилијамс, кој ја одби понудата и на крајот изборот падна на Вогел.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот