Леди Гага го ТЕШИ Бредли Купер после раскинувањето со Ирина Шејк

бредли ирина лејди гага
Фото Профимедиа

Во екот на раскинувањето на Ирина Шејк и Бредли Купер, глумецот пробува да најде утеха во прегратката на пејачката Леди Гага, со која имаше љубовна романса – барем во филмот „Ѕвездата е родена“, пренесува еспресо.рс.

– Бредли и се обраќа на Леди Гага кога му е потребен совет, иако знае дека тоа не добро во овој момент, едноставно не може да се запре – наведе извор близок до ѕвездата.

Иако гласините за нивната врска уште се вртат по медиумите, двете ѕвезди наводно врската ја одржуваат на платонско ниво.

– Тој смета дека таа е најпаметната и најпрекрасна личност на светот – додаде изворот.
Гага и Бредли се обидоа да се држат настрана едни од други откако сезоната за делење на награди заврши, а според тогашните извори, Бредли се обидол да помине повеќе време со Ирина и нивниот заеднички син.

И покрај “ладниот туш“ кој и го дал на пејачката, таа била повеќе од среќна да врати на неговиот повик.

– Гага е прилично внимателна и не сака да и скока на Ирина во очи, но едноставно го обожава Бредли – призна изворот.

Изгледа бакнежот кој фалеше на делењето на Оскарите сепак ќе се случи?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот