Леброн се откажува од над 50 милиони долари и заминува од Лејкерс?!

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Леброн Џејмс минатата година потпиша продолжување на договорот со Лејкерс на две години со тоа што за втората година има клазула според која тој треба да одлучи дали сака да остане дел од клубот.

Договорот е вреден 99 милиони долари и во сезоната 2024/2025 би требало да му донесе заработка од 51.4 милиони. Но, според зборовите на неговиот агент Рич Пол останувањето на „кралот“ не е сигурно.

„Леброн е слободен агент. Мораме да видиме како ќе се одвиваат работите“, изјави Пол за ѕвездата на клубот и најдобриот стрелец во НБА на сите времиња (40.474). Со оглед на тоа како се одвиваше разговорот во емисијата на „ТНТ“ изгледа дека Пол кажа повеќе отколку што сакаше.

Водителот Крис Хајнес веднаш го запраша дали тоа значи дека Леброн ќе ја одбие опцијата која ја има, а Пол се повлече и одговори.

„Крис, ти знаеш дека за моите работи не зборувам јавно. Разбирам, но слушна што кажав“, одговор Хајнес.

Доколку Леброн ги напушти Лејкерс каде што игра од 2018 година и успеа да го освои шампионскиот прстен во 2020 година ќе биде слободен да преговара со другите клубови од 30. јуни.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, за многумина и најдобар кариерата ја започна во 2003 година и играше уште за Кливленд и Мајами, а во декември го прослави 39. Роденден. Минатата сезона имаше просек од 25.7 поени, 7.3 скокови и 8.3 асистенции по натпревар. Лејкерси оваа сезона во плеј-офот беа елиминирани во првата рунда од Денвер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот