Леброн пресреќен поради размената: Ова е само почеток

Лос Анџелес лејкерс сабајлево ја направи размената на годината, успеа да го доведе Ентони Дејвис од Њу Орлеанс пеликанс во замена за Лонзо Бол, Брендон Инграм, Џош Харт и три пика од првата рунда на НБА драфтот, вклучувајќи го и четвртиот од годинешниот драфт.

Со овој потег на управата, конечно се оствари желбата на првата ѕвезда на тимот, Леброн Џејмс покрај себе да има уште еден Ол стар кошаркар со што „езерцата“ преку ноќ стана  фаворити за титулата во наредната сезона.

„АД доаѓа! Одиме, брату! Ова е само почеток“, напиша Џејмс на својот профил на Инстаграм.

Откако ја завршија работата со Дејвис, управата на ЛА Лејкерс полека се насочува и кон ангажман на уште една голема ѕзведа на која можат да и понудат договор кој на годишно ниво би „тежел„ 30-тина милиони долари. Засега само три кошаркари се во плановите на управата, Кемба Вокер, Бредли Бил и Кајри Ирвинг, а нема да биде изненадување да го ангажираат и Џими Батлер доколку ја одбие понудата од Филаделдија сиксерс за нов договор.

Единствен кој не е среќен од размената, е таткото на Лонзо Бол, контроверзниот Лавар.
– Ви гарантирам, ова е најлошиот потег на Лејкерс кој некогаш го направиле и повеќе немада ја освојат титулата. Ќе зажалат за ова. Ако ништо, мојот син избега од бродот кој сега потона. За Лонзо најважно е да биде здрав и да игра, а не важно каде. Сега конечно ќе добие можност да покаже што знае – изјави Лавар Бол.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот