Земјотрес во НБА, Ентони Дејвис оди во Лејкерс

Новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, само два дена по завршувањето на сезоната во НБА лигата, го објави трансферот на летото, Енотони Дејвис оди во Лос Анџелес лејкерс.

Според Војнаровски, Њу Орлеанс пеликанс се согласи да го испрати ол стар центарот во ЛА Лејкерс, а за возврат ќе ги добие Лонзо Бол, Брендон Инграм, Џош Харт и три пика од првата рунда на драфтот, вклучувајќи го и четвртиот пик на овогодинешниот драфт.

Со ова се заврши сагата околу иднината на Дејвис која започна во јануари годинава во зимскиот преоден рок. И тогаш „езерцата“ се обидоа да го ангажираат Ентони Дејвис но Њу Орлеанс ги одби сите понуди на тимот од Лос Анџелес. На управата на Њу Орлеанс не им се допадна настапот на агентот на кошаркарот, Рич Пол кој изјави дека неговиот клиент сака да игра само за ЛА Лејкерс и дека нема намера повеќе да игра за Пеликанс.

Овој пат Њу Орлеанс мораше да ја прифати понудата и со кошаркарите кои дојдоа во замена за Дејвис, добива млад тим кој има светла иднина, згора на тоа тие на престојниот драфт сега ги имаат и првиот и четвртиот избор.

ЛА Лејкерс исто така е задоволен од направената размена бидејќи сега Леброн Џејмс ќе има уште една супер ѕвезда во тимот со кого ќе веднаш стануваат еден од главните фаворити за освојување на титулата. „Езерцата“ успеаја да го задржат младиот Кајл Кузма, а следна цел на управата е ангажман на уште една ѕвезда и ќе изборот ќе биде помеѓу Кајри Ирвинг, Бредли Бил и Кемба Вокер .

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот