Лажни дојави за бомби во Атина

Грчко полициско возило / Фото: МИА

Со два одделни анонимни телефонски повици, непознати лица претпладнево предупредиле за поставени бомби во Основниот суд во Атина и во студио на телевизијата Антена, а по спроведената проверка било констатирано дека станува збор за лажни дојави.

И во двата одвоени случаи, припадници на Единицита за деактивирање експлозивни направи ги проверија објектите, а вработените беа евакуирани.

Во изминатиот период во Грција зачестија анонимните повици за поставени бомби, кои на крајот се покажува дека се лажни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот