Лазаров: Веројатно ова ќе биде мојата последна сезона како ракометар! (ВИДЕО)

фото: men2020.ehf-euro.com/Uros Hocevar

Француската национална телевизија, „Франс 3″ го посети почетокот на подготовки во корона-кризата на францускиот вицешампион Нант и направи репортажа за нашиот Кирил Лазаров. Французите посебно ги интересираше неговата најавена одлука дека ја игра последната сезона во професионалната кариера.

Сменив многу земји, настапував во Хрватска, Унгарија, Шпанија, сега сум во Франција. Скоро дваесет години сум во странство. Многу ги користам масажите. и во Нант и во македонската репрезентација. Масерите се мои големи пријатели.

Одлучив во главата дека ова веројатно ќе биде моја последна сезона како ракометар. Но, ќе ја донесам дефинитивната одлука во јануари и февруари. Ако мојата глава рече дека е доста, тогаш доста е. Но, одлично се чувствувам и спремен сум – се зборовите на нашиот најдобар ракометар.

Доколку некој добро го познава Лазаров од сегашниот ростер на Нант, тоа се шпанските ракометари, со кои претходно играше во АСОБАЛ лигата, но и тренерот Алберто Ентрериос, со кого македонскиот ас ја делеше соблекувалната во Сиудад Реал (Атлетико Мадрид).

Верувам дека Кире ќе има добра сезона и дека ќе биде константен во нападите, што не е лесно за 40-годишник – смета тренерот на Нант, Алберто Ентрериос.

Дури и најмладите членови на Нант земаат пример од нашиот капитен. Тимо Брие го апострофира професионализмот и примерот кој Лазаров им го покажува на помладите.

Откако дојде Кирил е пример за нас. Пример на тренинзите, како се однесува, пример за време на оброците…Кире е класа, на теренот или надвор од него, Кире е пример – вели младиот Брие.

Новата сезона во Лигата на шампионите и француското првенство е на самиот старт, а Нант пак ќе биде еден од фаворитите во двете натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот