Лазаров го поздрави успехот на фудбалерите: Ви честитам од срце и само напред кон нови победи

Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany / POOL

Капитенот и селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров им честиташе на фудбалерите за големата победа над Германија во квалификациите за СП 2022.
„ Честитки за сите играчи, селекторот, капитенот Пандев и сите вклучени кои придонесоа за оваа голема победа на Македонија. Во професионализмот нема случајности или среќа, среќата е заслужена со посветеност, ентузијазам и борба до крај. Македонскиот спорт станува нашиот најголем амбасадор во светот, спортистите се најголеми амбасадори. Ви честитам од срце и само напред кон нови победи. Покажавте дека имате ментална сила, карактер, македонски инает, интелегенција. Ви посакувам многу среќа на Европското првенство. Одиме заедно кон нови победи за Македонија!“, напиша Лазаров на социјалните мрежи.

ФОТО: Како медиумите од регионот ја одбележаа победата на Македонија

Гундоган: Не ја потценивме Македонија, едноставно не бевме доволно добри!

Лавовското срце на Елмас: Успеавме, и покрај сите неправди! Победа за историја!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот