Лаутаро се подалеку од „Камп Ноу“, Барселона носи засилување од ПСЖ

фото: твитер

Шпанскиот тим е пред договор на два трансфери, но меѓу нив не е тој на Лаутаро Мартинез од Интер.

Повеќе нема дилеми за Барселона, размената со Јувентус ќе се реализира на првиот ден од летниот преоден рок. Артур ги прифати условите кои му ги понуди Јувентус и ќе има двојно поголема плата, така што Миралем Пјаниќ ќе биде првото засилување за Барселона.

Миралем Пјаниќ/EPA-EFE/STR

Според договорот, за Барселона да биде „чиста“ пред УЕФА и финансискиот фер плеј, Јувентус прво ќе плати 70 милиони евра за Артур, а неколку дена подоцна, шпанскиот тим ќе врати 60 милиони евра во касата на „старата дама“ за трансферот на Пјаниќ.

Откако го решија прашањето со средниот ред, управата се фокусира на нападот, но се чини дека Лаутаро Мартинез е се подалеку од „Камп Ноу“.
Интер ги прифаќа понудените играчи како Артуро Видал и поради тоа инсистираат Барселона да ја плати откупната клаузула која изнесува 111 милиони евра.

Каталонците немаат толку средства и поради тоа се насочија кон други имиња, едно од нив е Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал.

Но, денеска во каталонските медиуми одекна вистинска бомба, Барселона седна на преговарачка маса со Единсон Кавани.

Единсон Кавани/фото: твитер

Уругваецот по завршување на сезоната е слободен играч, не сака да чуе за продолжување на договорот со ПСЖ и веќе почна да ги разгледува понудите.
Атлетико Мадрид и Интер пројавија сериозен интерес, но платата од 10 милиони евра годишно е преголем залак за двете екипи.

Но, откако во трката се вклучи и Барселона, Кавани му наложил на својот агент да седне на преговарачка маса и да се договори со каталонците, па дури е подготвен и да ги намали своите барања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот