Ларкин го уништи Фенербахче за прво финале на Ефес

Анадолу Ефес за прв во клупската историја ќе игра во финалето на Евролигата откако со убедливи 92:73 го декласира Фенербахче. Противник на Ефес во финалето на фајнал фор турнирот кој се одржува во Виторија ќе биде подобриот од второто полуфинале кое се игра меѓу Реал Мадрид и ЦСКА Москва.

Фенербахче кој петта година по ред е дел од завршниот турнир во Евролигата, беше рамноправен противник само во првото полувреме. Во тој дел од играта, максималната предност на Ефес беше седум поени, но затоа во второто полувреме, „експлодираа“ Шејн Ларкин и Василије Мициќ.

Во 37 минута, по тројката на Ларкин, водството на Ефес изнесуваше неверојатни 21 поен (82:61). Предноста од неиграњето на повредените Жофри Ловерн и Луиџи Датоме, противникот ја искористи да доминира во скоковите (39:21), а погоди и 13 тројки.

Прво име во победата на Ефес беше Шејн Ларкин со 30 поени, 7 скокови и асистенции, а Мициќ даде 25 поени.
Кај Фенербахче, Јан Весели даде 14 поени, а Ерик Грин уфрли 13  поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот