Лани во Собранието донесени 65 закони, а годинава 175

Седница на Собрание на РСМ / Фото: МИА

Статистичките податоци за десеттиот мандат на Собранието, во период од 2020 до 2024 година, покажуваат дека од вкупно 52 пленарни седници, завршени се 33, а незавршени се 19.

– Усвоени се вкупно 698 незавршени точки, а остануваат уште 87 за разгледување. Во 2020 година се донесени 65 закони, додека во 2021 година вкупниот број донесени закони е 175, информира Собранието.

Во однос на преостанатите 87 незавршени точки, од Собранието соопштија дека е потребно да се разгледаат на седници на матичните комисии за нивно конечно понатамошно процесирање на пленарна седница.

Комисијата за политички системи и односи меѓу заедниците има преостанато 12 седници, додека Комисијата за здравство има само една седница. Останатите комисии имаат за одржување од четири до седум седници.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот