Лани имало најмалку жртви во сообраќајот

2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата, вели портпаролот на МВР Тони Ангелковски. Тој смета дека намалените бројки се резултат на зголемената контрола од страна на полицијата.

– Контролите се главно насочени кон санкционирање на прекумерната брзина затоа што направените анализи покажуваат дека токму возењето со поголема брзина од дозволената е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови и евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 година имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата – рече Ангеловски.

Тој информираше дека мобилната единица за безбедност во сообраќајот при МВР вчера спровела засилена контрола на територијата на Струмица, при што се санкционирани се 107 лица, од кои 69 возеле со брзина поголема од дозволената, 19 возеле без возачка дозвола, а четворица возеле нерегистрирано возило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот