Лани доживеа дебакл од 9:0, а сега во солзи падна на колена!

Фото: EPA-EFE/Adam Davy/POOL

Австрискиот тренер Ралф Хазенхитл не можеше да ги запре солзите после победата над актуелниот шампион во Премиер лигата, Ливерпул.

Саутемптон минимално славеше против составот на Јирген Клоп, а Хазенхитл откако судијата отсвири крај на натпреварот падна на колена со солзи во очите.

Тоа е неговата прва победа во кариерата против германскиот стратег Клоп.

– Имаше солзи во моите очи – поради ветерот! Кога гледате дека нашите момци се борат и даваат буквално сè од себе, тогаш навистина морате да бидете горди. Доколку сакате да го победите Ливерпул, морате да одиграте одличен натпревар и мислам дека ние во тоа успеавме – рече менаџерот на Саутемптон.

Неговиот клуб моментно е на шестата позиција со 29 бодови. Потсетување дека Хазенхитл минатата сезона го доживеа најтешкиот пораз во историјата на Премиер лигата од Лестер (0:9), а изненадувачки остана на клупата и после тој дебакл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот