Лампард во јануари ќе троши 170 милиони евра!?

Арбитражниот суд за спорт (ЦАС) потврди дека на 20 ноември ќе се одржи рочиште на кое ќе се расправа за жалбата на Челзи на одлуката за забрана за купување на играчи, вест што малку го расположи менаџерот на лондонските „сини“, Френк Лампард.

Англискиот „Телеграф“ пишува дека Лампард ќе има на располагање повеќе од 170 милиони евра за купување играчи во зимскиот преоден рок, доколку ЦАС одлучи дека Челси сепак може да купува играчи.

Лондонскиот клуб на фудбалскиот пазар е во потрага по напаѓачи, бидејќи се очекува да си заминат Жиру и Педро од клубот, додека Вилијан сеуште не го продолжи договорот кој му истекува следната сезона.

Како најголеми зимски желби се одвојуваат Санчо од Борусија, Дембеле од Лион и Заха од Кристал Палас како најпосакувани цели на Лампард. Челзи мораше да ангажира многу млади и талентирани играчи поради забраната, но досега тоа им се исплати.

Играат над очекувањата, моментно се на четвртото место во Премиер лигата, додека во Лигата на шампионите се израмнети со Ајакс на врвот на својата група.

Од друга страна, пак, многу навивачи на Челзи не сакаат да се укине забраната за трансфери, бидејќи веруваат дека новите играчи би ја нарушиле хемијата на тимот.

– Слушајте, мислам дека како Челзи секогаш треба да се стреми да се подобрува во текот на преодните рокови, доколку станува збор за вистинскиот играч кој може да го подобри тимот. Сепак, победуваме. Јас сум задоволен од екипата која ја имам, а навивачите затоа го имаат таквото мислење – рече Лампард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот