Ламбе испрати убави вести од Америка: Пејачот по вторпат ќе стане татко!

Фото: Инстаграм

Познатиот пејач Ламбе Алабакоски по втор пат во својот живот ќе се оствари во улогата на татко.

Алабакоски радоснота вест ја сподели со неговите фанови на социјалните мрежи каде објави фотографија од ултразвук од бебето. Пејачот со фотографијата напиша и коментар кој гласи:

– Радувајте се на малите нешта во животот тие се Најголеми! Радоста наша верувам е и ваша!

Инаку Ламбе и неговата сопруга Магдалена за првпат станаа родители пред пет години кога им се роди малечкиот Михаил.

Да потсетиме, пејачот Ламбе веќе неколку години заедно со своето семејство живее на Флорида, односно Соединитетите Американски Држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот