Лајпциг и Џеси Марш официјално ја прекинаа соработката

Слабите резултати се причина Џеси Марш да ја напушти клупата на Лајпциг/Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

После три порази по ред во најквалитетната германска фудбалска лига, Лајпциг донесе одлука да се раздели со својот досегашен тренер, Џеси Марш.

Причина за прекинување на соработката се лошите резултати оваа сезона, а моментно клубот е на 11 позиција со 18 бодови, дури 16 помалку од водечкиот Баерн.

Лајпциг инаку лани беше вицешампион на Германија, зад баварскиот гигант, а истото се случи и во натпреварувачката сезона 2016/2017.

Екипата не успеа да обезбеди место во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, но има шанса следната пролет да настапува во елиминациските борби на Лига Европа.

Клубот не објави кој ќе го наследи Марш, но како најсериозен кандидат се шпекулира името на Доменико Тедеско, екс тренер на Шалке и Спартак Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот