Лајчак и Палмер заедно кај Вјоса Османи

Специјалниот пратеник на Европската унија за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак и заменикот помошник државен секретар на САД задолжен за европски и евроазиски прашања и за Западен Балкан и Егејот, Метју Палмер, кои денеска допатуваа во дводневна официјална посета на Косово, попладнево заедно заминаа на средба со косовската претседателка, Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претходно двајцата диломати се сретнаа со лидерите на двете најголеми опозициски партии во земјата, Љумир Абдиџику од Демократскиот сојуз (ЛДК) на Косово и Енвер Хоџај од Демократската партија на Косово (ПДК).

Од канцеларијата на ЕУ и од амбасадата на САД во Приштина соопштија дека Лајчак и Палмер, освен со Османи, ќе се сретнат и со премиерот Албин Курти, со првиот вицепремиер, задолжен за евроинтеграции, развој и дијалог, Бесник Бислими и со втората вицепремиерка и шефица на косовската дипломатија, Доника Грвала.  Тие исто така ќе имаат средби и со претставници на меѓународната заедница и со шефовите на мисиите на ЕУ во Косово.

Од канцеларијата на ЕУ соопштија дека Лајчак и Палмер ќе информираат за текот на посетата преку заеднича прес-конференција, која ќе ја одржат утре претпладне во седиштето на мисијата на ЕУ во Приштина.

Посетата на претставниците на ЕУ и на САД задолжени за Западен Балкан се случува во пресрет на најавеното продолжение на дијалогот за решавање на споровите меѓу Косово и Србија, кое треба да се одржи во текот на месец јуни во Брисел, со средба на косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот