Квиз-мајсторите на „мастерс“ во Неготино

Третиот „мастерс“ натпревар во организација на Македонската квиз асоцијација ќе се одржи утре (недела) во Неготино.

Како и на претходните два „мастерси“, тестот се состои од вкупно 200 прашања поделени во осум теми – култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет. Натпреварувачката сезона на МКА опфаќа и девет тематски квизови.

Македонската квиз асоцијација е формирана во 2021 година и организира тестови низ целата земја. Нејзини членови учествуваат на меѓународни натпревари, а МКА за в година во ноември планира и прво учество на македонска репрезентација на Европското квиз првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот