Квартараро без грешка, Роси на подиум после 15 месеци!

фото: твитер

Возачот на „Петронас Јамаха“, Фабио Квартараро триумфираше на Големата награда на Андалузија и така ја забележа и втората победа по ред оваа сезона во Мото ГП шампионатот.

Младиот Французин пред една недела дојде до првата победа во „кралската“ класа, а овојпат имаше значително полесна задача, откако ја држеше челната позиција од стартот од целта.

Второто место го освои Маверик Вињалес на „Јамаха“, додека на третата позиција се најде неговиот тимски колега Валентино Роси. „Докторот“ на тој начин се врати на подиумот после 15 месеци.

Моментно во генералниот пласман води Квартараро со максимални 50 бодови, следен од Вињалес со 40.

Следната трка сезоната ќе биде за Големата награда на Чешка на 9 август.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот