Квалификациите не се завршени, а веќе мислиме на Косово!

Македонската А репрезентација е поразена од Полска со 2:0 на квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 година во Варшава.

После поразот и на Словенија во Љубљана од Австрија, драстично ни се намалени шансите за второто место во квалификациската група „Г“ кое води на континенталниот собир.

Секако нема да се исклучат и математичките шанси за второто место, потребни ни се две победи над Австрија во Виена и против Израел дома, а исто така Летонија да триумфираат пред своите навивачи против Австријците.

Звучи како „невозможна“ мисија, иако во фудбалот се случувале пресврти. На Австријците им е потребен само уште еден бод, а Летонците ги играат едни од најслабите квалификации во својата историја. Доколку не успееме во целта, добро ќе биде за нас да завршиме и на третата позиција каде што никогаш не сме биде досега во еден квалификациски циклус.

Прочитајте и...  Георгиев: Вардар е како Левски и ЦСКА
ffm.mk

Да не заборавиме дека постои уште една подобра опција за историски пласман на Европското првенство, а тоа е патот преку новото УЕФА натпреварување „Лигата на нации“.

Таму го освоивме првото место во групата 4 од Лигата „Д“, и после поразот од Полска, полека мислите се насочени кон тој плеј-оф и можниот полуфинален дуел со Косово на домашен терен на 26 март 2020 година. Велиме можниот, бидејќи Косово и натаму ги одржува шансите за учество на ЕП преку квалификациите.

Нема формат дома-гости, ќе се игра еден натпревар, а во второто полуфинале каде што е веќе Грузија би требало да ги одмери силите против Белорусија.

Победниците од тие мечеви ќе играат во финалето кое се најавува да биде одиграно на неутрален терен, закажано за 31 март 2020 година. Подобриот од таа завршна битка официјално ќе си обезбеди настап на наредниот континентален собир.

Прочитајте и...  Се зачади во косовското собрание: Претседателката ги опомена пратениците да не пушат на седница

Прочитај повеќе

Официјално закажани првите мечеви, повторно Премиер лига од 17 јуни!

Слободен печат

Човекот кој го „пензионираше“ Тајсон, сега работи како шумар! (ВИДЕО)

Слободен печат

Георгиев: Вардар е како Левски и ЦСКА

Слободен печат

Кој ќе биде шампион: Предвидете ги резултатите до крајот на сезоната во „Ла Лига“!

Слободен печат

Вождовац се шегува со македонските клубови на Твитер (ФОТО)

Слободен печат

И Кристијано Роналдо во „клубот“ на милијардери

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Чудна атмосфера во еден од најубавите европски стадиони! (ВИДЕО)

Слободен печат

После Барса, Гризман знае каде сака да ја заврши кариерата! (ВИДЕО)

Слободен печат

Како изгледа комплескот во Дизниленд каде ќе се игра завршницата во НБА лигата (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Заменик капитенот на Вардар и објасни на ФФМ зашто „црвено-црните“ треба да ја добијат титулата

Слободен печат

Васоски: Сакам да им ја честитам титулата на моите фудбалери, повеќе од заслужена

Слободен печат

Хорват: Мило ми е што доаѓам во Скопје и средина која е препознатлива во Европа

Слободен печат