Квалификации за ЕП: Македонските футсалци до бод против Романија

Фото: facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Вечерва во Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје македонската футсал репрезентација го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство, одигра нерешено 2:2 против Романија.

После стартниот пораз на гостувањето кај Босна и Херцеговина (2:1), овојпат избраниците на селекторот Васко Скендеровски успеаја да извлечат бод.

Поведоа ривалите со голот на Дандан (12:40 мин.), но веднаш израмнивме благодарение на погодокот на Мицевски (13:12 мин.)

Противникот повторно беше во предност откако нашата мрежа ја затресе Рибеиро (31:36 мин.), а конечниот епилог го постави Ранготов (37:14 мин.). Капитенот Дарко Ранготов овој меч беше 100 јубилеен во дресот со националниот грб.

Моментно во квалификациската група „4“ водат Босанците со шест бодови, два имаат Романците, по еден Македонија и Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот