Куп на Македонија: Вардар на пенали ја елиминираше Беса, „десетка“ на Воска, Шкупи и Брегалница броеа до осум

Фото: ФК Вардар

Денес се играа натпревари од Купот на Македонија, а голем дел од прволигашите лесно се справија со првите пречки и славеа убедливи победи против ривалите од пониските рангови на натпреварувања.

Најубедлива беше Воска која постигна десет гола против Карбинци. Шкупи исто така на гостински терен славеше победа од 8:0 против Коњари, а со истиот резултат Брегалница го елиминираше Новаци.

Работнички постигна три гола во финишот за победа од 3:0 против Тетекс, додека Тиквеш се помачи со Арсими на гости (1:2).

Најмногу возбудувања донесе натпреварот помеѓу Беса и Вардар кој во регуларниот дел заврши со реми 1:1. Победникот беше решен по изведувањето на пенали каде што Гачевски блесна како херој за црвено-црните. Вардаровиот голман ги одбрани ударите во третата и шестата серија за пласман на Вардар во следната фаза на Македонија.

Куп на Македонија резултати:

Арсими – Тиквеш 1-2

Башкими – Скопје 0-1

Коњаре – Шкупи 0-8

Карбинци – Воска 0-10

Кожув – Брера 0-2

Новаци – Брегалница 0-7

Охрид – Детонит 2-0

Тетекс – Работнички 0-3

Велазерими – Пелистер 0-4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот