Кулушевски: Би било одлично Ибра да се врати во репрезентацијата!

Дејан Кулушевски пристигна во Јувентус / Фото: Инстаграм @dejank10

Репрезентацијата на Шведска се пласираше на Европското првенство оваа година, а од таму потајно се надеваат дека повторно би можеле да уживаат во мајсториите на Златан Ибрахимовиќ во жолто-синиот дрес.

Дејан Кулушевски, играчот на Јувентус ја повика ѕвездата на Милан да се врати во националната селекција.

– Би било одлично да ни се придружи на Европското првенство. Тоа би го сакале и поддржувале навивачите – рече Кулушевски.

Тој додава дека е импресиониран од пофалбите на Ибра, кој и натаму е во одлична форма на 40 години и се бори за титулата во Серија А во дресот на „росонерите“.

– Ние често се допишуваме, си испраќаме пораки. Тој е идол за мене, бидејќи ретко кој на светот може да го направи она што тој го прави. Кога ме фали, тоа ме тера да работам уште понапорно следниот ден на тренинг, бидејќи сум толку горд на неговите зборови – додаде Кулушевски, поранешниот У17 македонски репрезентативец.

ВИДЕО: Златан во елемент, со нога преку главата на тренерот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот