Крос и Реал Мадрид се договориле, Германецот става потпис на нова соработка

Фото: EPA-EFE/SERGIO PEREZ

Повратникот во германската репрезентација Тонис Крос најверојатно и наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

Познатиот италијански новинар, Фабрицио Романо објави дека Крос и Реал Мадрид се договориле за нова едногодишна соработка и преостануваат само формалности за се да биде официјализирано.

Во редовите на Реал Мадрид, Крос пристигна пред десет години од Баерн Минхен и во Мадрид зад себе има успешен период во кој освои четири титули во Лигата на шампионите и три во Ла Лига.

Заедно со Хрватот, Лука Модриќ го формираа еден од најдобрите тандеми од средниот ред во историјата фудбалот, а сезонава покажа и дека се уште може да игра на високо ниво и покрај тоа што Реал има одлични помлади играчи како Белингем, Камвинга, Чуамени и Валверде.

Неодамна Крос донесе одлука и да се врати во репрезентацијата на Германија која ја напушти пред три години. Тој веќе одигра два натпревари против Франција и Холандија и беше еден од најважните во тие две победи на Германците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот