Кривична за дебранец кој узурпирал државно земјиште

Кривична пријава е поднесена против Б.П.(68) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење” и „узурпација на недвижности”.

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против дебранец кој узурпирал земјиште во државна сопственост покрај брегот на Дебарско Езеро и бесправно градел.

-Кривична пријава е поднесена против Б.П.(68) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење” и „узурпација на недвижности”. Тој во текот на 2020 година, кај месноста „Бадеми” на крајбрежјето на Дебарско Езеро, узурпирал државно земјиште со вкупна површина од 69,36 метри квадратни и без одобрение од надлежен орган, од цврст материјал, изградил два базени, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи.

Тој додаде дека со тоа пријавениот го прекршил членот 59 од Законот за градење и се стекнал со противправна имотна корист од 106.970 денари.

Долж брегот на Дебарско Езеро, посебно кај градската плажа и месноста „Манастирец” (Три чешми) голем број жители на Дебар, но и од Скопје, бесправно изградија функционални објекти, со узурпација на земјиште во државна сопственост. Иако се најавуваше дека против нив ќе се преземат соодветни законски мерки, во еден период и нивно уривање, дел од нив, како што беше речено на една од последните седници на Советот на општина Дебар, веќе се легализирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот