Кривична пријава за извршителката која нападна новинар и полицаец во Кичево

Фото: Принтскрин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против шеесетгодишната В.Ј. од Скопје поради постоење сомневање за сторени кривични дела „спречување  службено лице во вршење службено дејствие“, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

На 21 март во Кичево пријавената физички го нападнала Ф.С. (34) од Скопје и му оштетила дел од опремата, а откако била повикана на службен разговор во полициска станица физички нападнала полициски службеник и ја уништила сочинетата службена белешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот