Критикувана малезиската кампања против расправии дома за време на пандемијата

Министерството исто така ги повика жените да се облекуваат соодветно и да се шминкаат додека работат од дома.

Кампањата против расправии во домот за време на епидемијата на Ковид-19, што ја почна малезиското Министерство за женски прашања, се најде под критики затоа што според некои, промовира родови стереотипи.

Преку серија постери објавени на страниците за социјално вмрежување под хаштагот #жениспречетеКовид-19, Министерството им понуди на жените совети како да избегнат конфликти во домот додека трае делумната забрана за движење во земјата, воведена на 18 март.

Така, на еден од постерите е прикажан маж како седи на кауч, а во придружниот текст, на жените им се советува да се воздржат од саркастични коментари доколку им е потребна помош во домашните работи.

„Избегнете да викате на вашиот сопруг”, пишува на друг постер, кој ја соопштува неговата порака на комичен начин, со глас сличен на гласот на популарниот цртан лик Доремон, сина мачка робот.

Министерството исто така ги повика жените да се облекуваат соодветно и да се шминкаат додека работат од дома.

Во телефонска изјава за западни медиуми од Женското здружение за акција, наведуваат дека тоа „го промовира концептот за родова нееднаквост и го одржува концептот за патријархат”.

Таа Интернет-кампања, започната на Фејсбук и Инстаграм, предизвика голем потсмејување на корисниците на овие социјални мрежи, како и повици до властите да ги отстранат контроверзните постери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот