Францускиот амбасадор во интервју за МИА - Фото МИА

Кристоф Ле Риголер за МИА: Северна Македонија е кредибилна членка на НАТО, може да смета на француската поддршка

Членството на Република Северна Македонија во Алијансата обезбедува дополнителна рамка за соработка и солидарност во областа на одбраната, посочува новиот француски амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер во интервју за агенцијата МИА.

– Северна Македонија, која сега треба да ги исполни капацитетните цели што произлегуваат од обврските во НАТО, може да се потпре на своите односи со Франција и нејзината воена експертиза за модернизација на својата Армија, особено во рамки на Договорот за соработка во одбраната, потпишан на 14 октомври 2022 година. Набавката на системите „Мистрал“ е конкретен пример за силните врски меѓу нашите две земји – вели Ле Риголер.

На прашањето дали постои можност за француско посредување и во „француски предлог плус“, за уставни измени со одложено дејство до завршувањето на преговорите, амбасадорот вели дека за Франција,„интеграцијата на регионот е приоритет“ и затоа Париз е „подготвена да ја обезбеди сета своја помош за надминување на сегашните блокади“.

Неопходно е да бидеме реални и да разбереме дека не може да постои апсолутна гаранција за исходот на процесот на интеграција, кој е по својата природа сложен, бидејќи бара согласност од сите членки. Франција, сепак, е подготвена да работи и да ја искористи својата моќ на убедување за да го осигура текот на процесот на интеграција, во корист на Европската Унија и на целиот Југоисточен регион на Европа – вели новиот француски амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер во интервју за агенцијата МИА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот