Кристијано Роналдо донел голема одлука: Го напушта Манчестер и се враќа во Серија А?!

Кристијано Роналдо ја откри целата вистина околу неговата ситуација на „Олд Трафорд“/фото: EPA-EFE/Peter Powell

Кристијано Роналдо го крена на нозе целиот фудбалски свет! Сè беше предизвикано од однесувањето на Португалецот на натпреварот на Манчестер јунајтед против Тотенхем.

„Црвените ѓаволи“ остварија важна победа, а Роналдо сето тоа мораше да го гледа од клупата за резерви.

И кога натпреварот беше при крај, кога Португалецот можеше да добие шанса за игра, Ерик тен Хаг го испрати да се загрее, но не и да игра, а Роналдо предвреме замина во соблекувалната пред крајот на мечот. Не се толерира вакво однесување кај „црвените ѓаволи“ и го исфрлија од првиот тим.

Роналдо, кој во февруари годинава ќе наполни 38 години, многу е разочаран од вториот престој на Олд Трафорд и затоа, како што пишува италијанска Ла Република, решил да го напушти клубот, а прв фаворит за негово доведување е моментно Рома.

Под водство на Жозе Мурињо, римската „волчица“ минатата сезона го освои европскиот трофеј (премиерното издание на Конференциската лига), што беше огромен успех за тој клуб, а оваа сезона се бори за самиот врв во Серија А каде заостанува само четири бода зад водечкиот Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Прва реакција: Роналдо се огласи откако Манчестер Јунајтед го исфрли од тимот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот