Кремљ не ги признава налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд

Дмитри Песков / Фото EPA-EFE/PAVEL BEDNYAKOV/SPUTNIK

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија не ги признава налозите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на двајца руски офицери обвинети за воени злосторства во Украина.

Ние не сме страна (потписничка) на Римскиот статут. Не ги признаваме налозите за апсење на овој суд, наведе Песков.

МКС издаде налози за апсење на генерал-полковник Сергеј Кобилач и на генерал-полковник и морнарички адмирал, кој беше командант на руската Црноморска флота, Виктор Соколов.

Се сомнева дека тие се одговорни за напади врз цивили, односно предизвикување прекумерна штета на цивили или цивилни објекти. Се претпоставува дека тие се одговорни и за нехумани дела кои се квалификуваат како злосторства против човештвото, истакнува МКС.

МКС минатата пролет налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, поради неговата наводна улога во депортацијата на децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот