Кремљ: Најавата на Лукашенко за блокада на транзитот на гас не е одобрена во Москва

комресор гас украина нафтогас
Фото: EPA/ROMAN PILIPEY

Заканите на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека ќе го блокира транзитот на гас за Европа, не одброена ниту пак подржана од Москва изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Неговата изјава не беше координирана со Русија . Станува збор за нашиот сојузник, Белорусија која е суверена држава“, изјави Песков додавајќи дека Русија ќе остане сигурен снабдувач на енергија на Европа, без оглед на одлуките и дејствувањето на Белорусија.

„Русија отсекогаш била и потенцијално ќе остане земја која гарантира енергетска стабилност на европскиот континент. „Без разлика на акцијата на белоруската страна, Москва сигурно ќе и гарантира на Европа енергетска безбедност“, додаде портпаролот на Кремљ.

. EPA-EFE/

Реакцијата на Москва уследи откако белорускиот претседател Александар Лукашенко им се закани на ЕУ дека ќе го блокира транзитото на гас кој од Русија преку белоруска територија оди за Европа, доколку унијата воведе нови снакции кон Минск заради мигранската криза на границата со Полска и Литванија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот