Кратко траеше вториот мандат на поранешниот македонски селектор во Хата

Фото: Инстаграм: hattaclub.ae/

Македонскиот стратег и поранешен селектор Ѓоко Хаџиевски повеќе не е тренер на Хата од Обединетите Арапски Емирати.

Тимот на Хата Хаџиевски го водеше по вторпат во кариерата, а овој негов втор ангажман траеше само три месеци бидејќи во клубот пристигна во јули. Претходно во Хата Хаџиевски беше во 2017 година.

Во овој тим тој работеше и со македонски стручен штаб кој го сочинуваа Филип Деспотовски, Филип Спасески и Филип Маџовски.

Веќе е познат и наследникот на македонскиот стратег, Хата ќе ја води домашниот тренер Абдул Месефер. Најголем дел од кариерата Хаџиевски поминат во Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, краток период беше тренер и на Беласица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот