Кралот Чарлс Трети го тужи Твитер поради неплатена кирија во Лондон

крал чарлс трети
Крал Чарлс Трети / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Краун Естејт, компанијата која управува со имотот на кралот Чарлс Трети, ја тужеше американската компанија Tвитер, која е во сопственост на тајкунот Илон Маск. Причината за тужбата е што Твитер не ја плати киријата за седиштето во Лондон, јавува Би-Би-Си.

Наводниот долг се однесува на канцелариите на Твитер во близина на централниот циркус Пикадили. Откако претходно стапи во контакт со Твитер за неговите тврдења, Краун Естејт се обрати и до судот во Лондон.

Британското кралско семејство поседува огромен имот вреден околу 17,68 милијарди фунти или околу 19,22 милијарди долари. Британскиот монарх годишно добива 25 отсто од профитот што произлегува од овој имот. Лани изнесуваше 97,8 милиони евра. Кралот Чарлс Трети, исто така, поседува повеќе од 18.000 хектари земјиште во Англија и Велс, вклучувајќи канцеларии и комерцијални згради во Лондон кои донесоа огромен профит во последната финансиска година.

Покрај нејзиното лично богатство и имот, кралицата Елизабета Втора, која почина во септември минатата година, ги поседуваше имотите Сандрингам во Англија и Балморал во Шкотска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот