Крај на една ера: Со Лев си заминуваат и Крос, Милер и Ноер

epa05371006 Toni Kroos (L) and Thomas Mueller of Germany react after the UEFA EURO 2016 group C preliminary round match between Germany and Poland at Stade de France in Saint-Denis, France, 16 June 2016. (RESTRICTIONS APPLY: For editorial news reporting purposes only. Not used for commercial or marketing purposes without prior written approval of UEFA. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications (whether via the Internet or otherwise) shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.) EPA/FILIP SINGER EDITORIAL USE ONLY

Новиот селектор Ханси Флик од септември ќе започне реконструкција на германската репрезентација.

Фудбалската репрезентација на Германија со вчерашниот пораз на „Вембли“ од Англија заврши една ера, Јоаким Лев за последен пат ги предводеше „панцитите“ и по 15 години си заминува од националниот тим.

Неговиот наследник одамна е познат, тоа е довчерашниот тренер на Баерн Минхен, Ханси Флик кој според германските медиуми од септември ќе започне реконструкција во репрезентацијата.
Но, германскиот весник „Билд“ тврди дека Лев нема да биде единствениот кој ќе ја напушти репрезентацијата, истото ќе го сторат и дел од најискусните и најдобри фудбалери.

Според весникот, последниот натпревар го одигра и Тони Крос, кој беше незаменлив на средината на теренот и 11 години беше стандарден во првиот тим притоа одигрувајќи 106 натпревари на кои постигна 17 гола. Иако е релативно млад и има 31 година, Крос одлучил дека е време да се повлече и местото да им го отстапи на помладите.
Исто така извесно е дека последниот натпревар за германската репрезентација го одиграа и Томас Милер и Мануел Ноер. Милер има 106 настапи и 39 гола, додека Ноер на 104 натпревари го бранеше голот на својата репрезентација.

Видео на денот