Крај на една ера: Рене Реџепи го затвора ресторанот „Нома“

Фото: Инстаграм/„Нома“

Светски познатиот ресторан „Нома“ најави дека ќе ги затвори вратите за посетителите кон крајот на 2024 година.

Уште од отворањето пред 20 години, ресторанот „Нома“ во Копенхаген, Данска, привлекува посетители од целиот свет и е на првото место на сите главни листи за најдобри ресторани во светот. Ресторанот е пет пати прогласен за најдобар на светот – во 2010, 2011, 2012, 2014 и во 2021 година, и е носител на три „мишелин ѕвезди“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by noma (@nomacph)

Основачот на „Нома“, големиот шеф Рене Реџепи е Албанец со македонско потекло и важи за еден од највлијателните готвачи во светот. И покрај успехот, Реџепи за „Њујорк тајмс“ изјави дека барањата за водење врвен ресторан на највисоко можно ниво се неодржливи. И самиот Реџепи призна дека праведната компензација за речиси 100 вработени, со задржување на високите стандарди и цени што пазарот може да ги поднесе, не е изводлива.

Како резултат на тоа, ресторанот ќе биде затворен до крајот на 2024 година, а потоа ќе биде пренаменет во „лабораторија за храна“, која ќе работи на развивање нови јадења и производи за „Нома проџектс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by noma (@nomacph)

Затворањето на „Нома“ ќе има значително влијание врз кулинарскиот свет. Многу готвачи ѝ се восхитуваа на работата на Реџепи во „Нома“ и продолжија да го шират неговиот стил во други земји.

Сепак, важно е да се напомене дека ресторанот нема целосно да исчезне. Имено, на страниците на „Нома“ стои дека ќе биде претворен во лабораторија каде што ќе продолжат да ги развиваат своите производи како дел од „Нома проџектс“, концепт што го развија минатата година и во чии рамки веќе претставија три производи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by noma (@nomacph)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот