Крај на бракот на Ванда и на Мауро: Го уништи семејството поради ку*ва

Мауро Икарди на секаков начин се обидува да го спаси бракот со Ванда Нара/Инстаграм/wanda_icardi

Ванда Нара и Мауро Икарди повторно се во центарот на јавноста, а причината е нивниот развод.
Како што е обичај, во деншницата првиот сигнал пристигна на Инстаграм каде Ванда прво ја објави, а потоа ја избриша пораката: „Уште едно семејство уништи поради ку*ва“.

Италијанскиот „Калчомеркато“ пишува дека причина за разделбата е неверството на фудбалерот на ПСЖ. Ванда Нара наводно открила дека Идарди спиел со аргентинската актерка Еухениа Суарез.

Откако го открила неверството, Ванда Нара прво ја објави споменатата порака на Инстаграм, а потоа од својот профил ги избриша заедничките фотографии со Мауро на кого му беше и агент.

На овој начин се повторува историјата кога станува збор за Мауро Икарди и Ванда Нара.
Ванда претходно беше во брак со фудбалерот Макси Лопез кој му беше најдобар пријател на сегашниот играч на ПСЖ, а откако му ја „украде“ сопругата станаа големи непријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот