Крадци упаднале во домот на Линделоф, семејството веднаш се сокрило

Драма во домот на фудбалер на Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/Peter Powell

Манчестер јунајтед потврди дека за време на натпреварот против Брентфорд на гости, крадци влегле во домот на Виктор Линделоф. Шведскиот фудбалер во тие моменти бил на теренот, но во домот биле неговата сопруга и децата.

Јунајтед соопшти дека сопругата Маја Нилсон Лилделоф и децата не се повредени, но се трауматизирани поради грабежот. Кога влегле крадците во домот, сопрагата и децата на фудбалерор се заклучиле во соба.

-Домот ни беше обиен кога Виктор играше натпревар. Бев дома со децата, но успеавме да се сокриеме и да се заклучиме. Сега сме добро, но ова беше застрашувачко искуство – изјави Маја Нилсон Линделоф.

Видео на денот