Кожни промени кои може да предизвикаат карцином

фото: freeimages/pexel

Честото изложување под штетните сончеви зраци, нередовните самопрегледи и посети на дерматолог се најголемите ризик фактори за појава на карцином на кожа, вклучувајќи го и меланомот.

 Кај околу 40-50% од луѓето во текот на животот барем еднаш се развила некоја предканцерогена промена на кожата, а истражувањата покажуваат дека 70% од луѓето не ги препознаваат предупредувачките знаци. Само со навремена дијагностика на кожните промени истите може да се излекуваат. Ова се најчестите кожни промени кои може да предизвикаат карцином на кожата или меланом:

Актинична кератоза – црвените флеки се честа појава по долгото изложување на сонце, а најчесто се појавуваат во пределот на главата, вратот, рацете и деловите кои се директно изложени под сончевите зраци. Актиничната кератоза е всушност и првиот знак на карциномот. Ризични групи се луѓето со светол тен, светла коса и очи.

Акитиничен хелитис – слично како и актиничната кератоза, оваа состојба претставува предканцерогена појава на црвени флеки, сувост и пукнатини на долната усна. Доколку не се лекува навреме може да премине во инванзивен карцином.

Кожни израстоци – овие кожни израстоци може да бидат различни во однос на големината и обликот, а се појавуваат од присуство на кератин. Причина за нивната појава е повторно долгото изложување на сонце.

Бенки- бенките се бенигни израстоци на кожата кои можат да се развијат во карцином, да станат атипични или да прераснат во меланом. Нормалните бенки не се зголемуваат, не ја менуваат формата и обликот, ниту пак бојата. Секоја бенка на телото е различна, но само некои од нив со текот на времето стануваат сомнителни и го менуваат обликот. Задолжително посетете дерматолог, доколку забележите некои промени. Меланомот кој е најтешкиот облик на карцином на кожата, потекнува токму од клетките наречени меланоцити. Ако се открие навреме можноста за лекување и излекување се зголемува со хируршка интервенција. Токму затоа дерматолозите инсистираат на редовни контроли и дерматоскопија, со кој се гледа структурата на бенките.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот