Ковид-19 направи пустош: Кина со најслаб економски раст во последните 40 години

Кинеско знаме / Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Кинеските власти соопштија за најслаб економски раст на земјата во изминатите 40 години. Економијата на азиската земја порасна за само 2,3 проценти, што е најслабо зголемување на БДП од најголемите реформи во 70-те години на минатиот век.

Националното биро за статистика соопшти дека минатата година во Кина и странство имало сложена ситуација поради пандемијата и тоа имало големо влијание.

Статистичките податоци покажуваат голем пад во споредба со 6,1 процент во 2019 година, што е и најслаб раст во последните неколку децении како резултат на намалената побарувачка во земјата и трговските тензии со САД. Кина се очекува да биде единствената голема економија во светот со економски раст во 2020 година.

Растот минатата година ја врати земјата на патот пред пандемијата, иако 2020 година беше економски најслаба од 1976 година, кога БДП се намали за 1,6 отсто. Минаа две години пред кинескиот лидер Денг Сијаопинг да преземе радикални промени што доведоа до напуштање на планираната економија и трансформација на Кина во економските насоки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот